Групата „Вагнер“ се повлекува од Украина? Наводно ќе се префрла во Африка

Вагнер група принтскрин јутјуб

Водачот на платеничката руска организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се подготвува да ги намали операциите на групата во Украина. и да ги насочи кон мисии во Африка, пишува „Блумберг“.

Претходно, тој апелираше до Кремљ за достава на повеќе оружје пред да почне украинската пролетна офанзивa, плашејќи се од намерите на Украина да ги отсече единиците на „Вагнер“ од главнината на руските сили.

„Пригожин рече дека забележал дека додека неговата група е „зафатена“ во Украина, САД и другите земји „активно се обидуваат да ја поделат африканската пита“ и да воведат санкции на сите што го попречуваат овој процес“, пишува агенцијата Анадолија.

Пригожин тврдеше дека „долгорочните обиди на САД и нивните сателити“ да воспостават ред и да обезбедат безбедност во Африка „не доведоа до ништо“, додека уште во 2017-2018 година, кога „Вагнер“ започна активно да дејствува во Африка, „успеа да постигне одлични резултати во воспоставувањето безбедност и ред во секоја земја во која биле присутни.

„Бидејќи повеќето Африканци немаат доверба во политиките на Франција и САД, а нивниот рејтинг на доверба е многу низок, предлагам дека сега треба да да се фокусирате исклучиво на безбедноста што може да ја обезбеди ‘Вагнер’“, посочи тој.

Пригожин истакна дека ако Вагнер проектот за безбедна Африка е успешен, искуството може да се прошири и на други континенти.

Инаку, претходно беше објавено дека групата „Вагнер“ регрутира 30.000 борци во Русија. За паравоената група, беше соопштено дека од 50.000 војници, останале само 10.000 додека другите се загинати, ранети или исчезнати. Многу Руси кои избегаа од мобилизацијата сега се во Монголија, каде почнуваат нов живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот