Групацијата на Бранко Црвенковски сака да го преземе СДСМ, вели Бучковски

Владо Бучковски во гостување на ТВ21 / 3 ноември 2021 / фото: ТВ21

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, во вечерашното гостување на ТВ21, коментирајќи ги случувањата во СДСМ и оставката на партискиот претседател и премиер Зоран Заев, рече дека постои амбиција кај „групацијата на Бранко Црвенковски“ да ја преземе владејачката партија.

„Ако Заев опстои и на таа втора оставка, за која имаше иницијативи да не се повлече, барем од чело на СДСМ. И таму по констатирањето на неговата оставка, во рок од 15 дена Извршниот одбор ќе ги распише изборите, каде очигледно ќе има повеќе кандидати. Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата“, рече Бучковски.

Осврнувајќи се на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, Бучковски рече дека тој на овие избори бил потценет од страна на СДСМ, а всушност „си ја бетонирал позицијата на лидер на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Очигледно со овие резултати си ја забетонира неговата позиција како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ќе помине со акламација на конгресот во ноември, а тоа висеше како отворено прашање“, рече Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот