Груби поднел оставка до Ахмети

Артан Груби-Али Ахмети/ФОТО Фејзбук

Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа пред чаирчани обелодени дека оставка доставил до лидерот на ДУИ Али Ахмети уште од првиот ден откако станал вицепремиер и министер за политички систем.

„И јас и Бујар Османи, ако Али Ахмети ни каже да си одиме дома, нема гајле. Јас му ја испратив оставката уште од првиот ден кога станав функционер, неговиот збор е последен збор за мене“, им порача Груби на жителите на Чаир.

Според Груби, Али Ахмети дал се од себе за Чаир.

„Ахмети даде се од себе за Чаир и сиот свој политички капитал го вложи во Чаир. Можеше да го испрати „Скендербег“ во Тетово, многу полесно ќе беше Универзитетот „Мајка Тереза“ да го однесе во Кичево, но неговата политика беше да ги зајакне Албанците од Скопје и да ја врати политиката во Скопје, а тоа ви пречи“, рече меѓудругото Груби.

Првиот вицепремиер, министерот за надворешни работи Османи и други функционери на ДУИ по средбата со жителите рече дека Чаири е со Али Ахмети и со ДУИ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот