Грковска присуствуваше на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска присуствуваше на традиционалниот молитвен појадок во Вашингтон, САД.

„Ми беше чест да присуствувам на националниот молитвен појадок во Вашингтон, годишен собир на лидери и истакнати личности од светот, на кој се афирмира мирот и взаемното разбирање. На настанот кој промовира надминување на разликите преку обединување околу заеднички вредности, имав можност да се сретнам со пријатели и поддржувачи на нашата земја, со кои разговаравме за актуелните состојби и предизвици на национално и глобално ниво. Во времиња исполнети со војни, кризи и неизвесност, важно е да ги зацврстуваме мостовите кои поврзуваат различни традиции и култури, а хуманоста да биде водечка мисла во градењето подобра иднина за сите“, напиша Грковска на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот