Грижата за менталното здравје е приоритет за младите – Глобалната иницијатива „Walk and talk“ за прв пат во Македонија 

Над 500 млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години во изминатите 3 месеци беа дел од иницијалните „Walk and talk“ настани кои беа организирани во 16 општини. Главната цел на овој нов иновативен пристап кој за прв пат беше воведен во земјава е подигање на свеста и дестигматизација на темата за ментално здравје помеѓу младите луѓе.

На настанот во Скопје, на младите и експертите за ментално здравје, им се приклучија и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, сопругата на Претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и заменик претставничката на УНИЦЕФ, Олимпија Марковска.

 

Министерката Тренчевска се заблагодари на сите што вложуваат дел од својата енергија оваа иницијатива да го доживее својот сјај.

„Она што досега го научивме од иницијативата ‘Њалк анд Талк’ е да не чуваме во себе, туку да споделиме. За нашите предизвици секогаш има решение, особено кога сме опкружени со луѓе со кои можеме да разговараме. Убавината на среќното живеење го осознаваме кога животот ни наликува на мозаик составен од семејството, добри другари, верни соработници и позитивна мисла. Младите ја препознаа ова иницијатива и затоа ние нема да запреме тука со разговорите за важноста на менталното здравје“, истакна министерката за труд и социјална политика.

Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска истакна дека се за поздравување тримесечните активности „Њалк анд Талк“ кои го сензибилизираат значењето на менталното здравје и целат кон надминување на стигмата на оваа тема.

„Менталното здравје кај младите не смее да се занемарува и релативизира. Особено е значајно младата популација да се охрабри да зборува за своите предизвици и потешкотии со експерти кои можат да им помогнат полесно да се вклопат во сето она што им го носи животот на оваа возраст“, рече Ѓоргиевска.

Според концептот на иницијативата „Walk and talk“ учесничките и учесниците се движат по претходно дефинирана мапа со неколку точки на застанување исполнети со заеднички игри, како и места каде експерти за ментално здравје заедно со младите разговара за предизвиците со кои тие се соочуваат по однапред утврдени сценарија. Младите меѓусебно споделуваат информации од лично искуство или од искуство на блиски а за време на точките се запознаваат и со одредени техники и начини кои може да ги употребуваат по однос на сите овие сценарија.

Се опфаќаат настани кои нудат креативни активности, дружење, игри и можности за меѓусебни разговори каде младите отворено дискутираат, прашуваат, споделуваат свои ставови и заеднички изнаоѓаат решенија како да го подобрат своето ментално здравје со фокус на подигнување на свеста и надминување на стигмата поврзана со истото.

„„Walk and talk“ иницијативата се спроведува на иницијатива на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници. Овие настани произлегоа од консултативниот процес со младите што беше организиран во партнерство помеѓу двете организации.

Во наредниот период ќе бидат јавно достапни сите детали за 16-те рути како поттик и можност за секоја личност која сака да ја унапреди грижата за своето ментално здравје преку вклучување во рамките на ваквиот модел. Исто така, се изготвува и документ за политики со заклучоци од разговорите со младите и препораки за важноста од унапредување на менталното здравје.

Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот