Грета Тунберг бара помош за да стигне на Самитот за климатски промени во Мадрид

Грета Тунберг/ Фото: Профимедиа

Младата активистка Грета Тунберг, која од Европа со брод допатува во САД, сега бара бродски превоз за да стигне во Мадрид, каде ќе се одржи годишниот самит на Обединети нации за климатските промени.

Глобалниот климатски самит на ОН ќе се одржи од 2 до 13 декември во Мадрид, откако претходниот домаќин Чиле се откажа поради протестите во таа јужноамериканска земја.

Тунберг одбива да патува со авион бидејќи тоа превозно средство многу ја загадува животната средина.

„Треба да пронајдам превозно средство преку Атлантикот во ноември… Ако некој ми помогне би била исклучително благодарна“, напиша Тунберг на Твитер.

Младата шведска активистка на 14 август од Плимут, Велика Британија тргна кон Њујорк со едрилица.

Таа во септември учествуваше на Самитот на ОН во Њујорк, а потоа патуваше низ САД и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот