Гренел: Во Вашингтон ќе се разговара за економијата, политичката фаза ќе ја води ЕУ

Американскиот претставник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, изјави дека во оваа фаза, што тој ја нарекува прва фаза од дијалогот, мора да се постигне нормализирање на економските односи меѓу двете земји, по што ќе следи и политичката фаза што ќе треба да го предводи ЕУ.

Во интервју за приштинскиот портал „Експрес”, Гренел соопшти дека со Французите и Германците веќе разговарал за оваа негова визија за двете фази или двата чекора во приближувањето.

-Не знам колку пати морам да кажам, иако јас бев крајно јасен дека ние, САД, сме убедени дека 20-годишниот конфликт може да се реши само со економска нормализација, рече Гренел.

Тој објасни дека втората, политичка фаза на дијалогот треба да се случи кога ќе почнат да пристигнуваат првите ефекти на економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот