Грција се отвора за туристите од 1 мај, цените на плажите повисоки од лани – гирото е 4 евра, кафето 5

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Веќе од 1. мај, Грција повеќе нема да им бара на патниците да покажат доказ за вакцинација, негативен ковид тест или доказ дека се опоравиле од болеста за да влезат во земјата, објави порталот travelandleisure.

Релаксираните мерки ќе важат и за македонските граѓани кои во Грција влегуваат преку граничните премини на грчка страна Евзони, Дорјани, Ники и Кристалопиги. Грција ќе укине многу преостанати протоколи поврзани со ковид-19 следната недела, со што ќе биде земја плус што планира да се врати на предпандемискиот живот.

Грција, која повторно ги отвори границите за туризам во мај 2021 година, моментално ги пречекува патниците од Соединетите Држави, но бара од нив да покажат доказ за вакцинација, за прележаност или негативен ПЦР или брз антигенски тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот