Грција го покачи додатокот за новороденчиња, првороденото бебе во семејството ќе добива 2.400 евра

Фото: профимедиа

Грчкиот министер за финансии Костис Хацидакис и министерката за социјална кохезија и семејство Софија Захаракис најавија мерки за поддршка на младите семејства кои треба да се справат со скапите трошоци за живот. Министерката Захараки најави зголемување на додатокот за раѓање на 2.400 евра, додека зголемувањето во другите категории може да достигне и до 1.500 евра.

Мерката ретроактивно ќе се применува и за раѓањата што се случиле во 2023 година. Зголемениот надоместок се очекува првпат да се исплати во април, а 90 милиони евра ќе бидат доделени на две рати на 300.000 нови родители.

Зголемувањето, како што рече Софија Захараки, ќе биде скалесто: односно зголемување од 400 евра, односно сумата од 2.400 евра ќе се исплати на семејства со прво дете, покачување од 800 евра, односно 2.800 евра ќе следува за семејства со второ дете.

Кај семејствата за трето дете зголемувањето е за 1.000 евра односно ќе добијат 3.000 евра, а 1.500 евра, односно 3.500 евра следува за семејства кои имаат четврто или повеќе деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот