Грчките владини сајтови цел на турски хакери

Хакерите преку социјалните мрежи објавија дека ги нападнале интернет-страниците на грчкиот Парламент, на Министерството за надворешни работи, на Националната разузнавачка служба на Грција, на грчката берза, како и на Министерството за финансии.

Турските хакери „Анка Неферлер“ ја презедоа одговорноста за проблемите што синоќа се појавија на неколку грчки владини сајтови, тврдејќи дека извршиле хакерски напад, јави дописничката на МИА од Атина.

Хакерите преку социјалните мрежи објавија дека ги нападнале интернет-страниците на грчкиот Парламент, на Министерството за надворешни работи, на Националната разузнавачка служба на Грција, на грчката берза, како и на Министерството за финансии.

Конкретните сајтови, синоќа беа вон функција, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, дел од службите сами ги симнале нивните сајтови за да избегнат дополнително да бидат хакирани.

Министерот без ресор, Јоргос Герапетритис, говорејќи за грчката телевизија „Опен” истакна дека станува збор за координиран хакерски напад во исто време на повеќе владини сајтови.

Хакерскиот напад дојде само неколку часа по средбите во Атина на лидерот на Либиската националната армија, Халифа Хафтар со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот