Грчките просветни работници излегоа на масовен протест во Атина (ФОТО)

Фото: МИА

Протестот беше масовен, а учесниците, барем дел од нив носеа заштитни маски, но не сите држеа растојание меѓу нив.

 Повлекување веднаш на срамниот нацрт-законот за образованието, пишуваше на паното кое демонстрантите го закачија пред влезот на грчкиот Парламент, за време на денешниот протест на наставниците, професорите, студентите и учениците во центарот на Атина.

Со мали туркања, дел од учесниците во протестот успеаа да стигнат до скалите над споменикот на Незнајниот јунак што водат кон парламентот, извикуваа слогани против министерката за образование и го закачија паното, јави дописничката на МИА од Атина.

ФОТО: МИА

Паралелно, големо беше присуството на полицијата за да се спречат било какви инциденти и обиди да се стигне до Парламентот.

Протестот заврши мирно.

Во услови на пандемија на Ковид-19 и нецелосно олабавени рестриктивните мерки во Грција, протестот беше масовен, а учесниците, барем дел од нив носеа заштитни маски, но не сите држеа растојание меѓу нив.

Дел од професорите, во разговор со дописничката на МИА од Атина, рекоа дека нивните барања се веднаш да се повлече новиот нацрт закон од Министерството за образование, бидејќи некои од одредбите не се ни во нивни, ни во интерес на учениците.

Едно од главните барања на денешниот протест беше да не се дозволи снимање на часовите за учениците кои од оправдани причини не можат да ја следат настават.

ФОТО: МИА

Професорите коментираат дека наставата не е ниту театар, ниту реално шоу за да се пренесува во живо и тоа го крши законот за заштита на лични податоци.

Министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, денеска, одговарајќи на пратеничко прашање рече дека нема да отстапат од нивната намера, часовите да ги следат и учениците кои принудно ќе бидат дома и објасни дека вчера, Управата за заштита на податоци од личен карактер оценила дека е законска целта за истовремено предавање и на далечина и со физичко присуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот