Грчкиот Скопелос е меѓу 9-те „тајни“ острови на Медитеранот

Меѓу 9-те медитерански острови кои ја задржуваат својата автентичност и се нудат за квалитетни одмори во 2024 година е и Скопелос, покажува новото истражување на популарната веб-страница Tравелбук.де. Како што пишува најголемиот германски онлајн магазин за патувања, објавен под „печатот“ на „Билд“, „сите ги знаат Крит, Мајорка и Сардинија. Но, дали некогаш сте слушнале за Црес, Скопелос, Кабрера или Кавало? Tравелбук ги идентификуваше медитеранските дестинации кои сè уште нудат вистински одмори.

„Помеѓу островите на Италија, Франција, Хрватска, Шпанија, Грција и Малта, Скопелос го зазема петтото место и според медиумот се одликува по тиркизните води, безбројните заливи, традициите и неспоредливата природна убавина. Забележано е дека 2023 година беше рекордна за дестинацијата со вкупно 169.216 пристигнувања и пораст од околу 17% во однос на претходната година. Во поглед на новата сезона, за одбележување е присуството на квалитетни хотели во Скопелос во новата програма „Туризам за сите 2024“ на Министерството за туризам, чија цел е директно зајакнување на домашната туристичка дејност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот