Границите на ЕУ земјите остануваат затворени за македонските државјани

Земјите поврзани со Шенген (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија) исто така учествуваат во оваа препорака.

Одлуката на Советот на ЕУ за влез на граѓани од трети земји на територијата на Унијата од 1 јули падна, Северна Македонија не ги исполнува епидемиолошките критериуми, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се согласија да дозволат постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора.

Зелено светло добија и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Северна Кореа, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Списокот на земји ќе се ревидира секои две недели врз основа на епидемиолошката состојба во секоја од нив.

Прочитајте и...  Два земјотреси во Кина

Што се однесува до Кина, Европската Унија ќе прифати отворање на границите доколку дозволата биде взаемна.

Критериумите врз кои се донесе оваа одлука се епидемиолошката состојба, мерките на заштита како физичката дистанција, како и економски и социјални параметри, објаснуваат од Советот на ЕУ.

За да добие право да патува во ЕУ, епидемиолошката состојба на една земја треба да исполнува три критериуми: бројот на нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена на 100 илјади граѓани да биде сличен или помал од ЕУ просекот; земјата да покажува намалување или стабилизација на кривата во последните 14 дена, и третиот услов е начинот на кој земјата се справува со Ковид-19 во смисла на достапните информации и нивната веродостојност, тестирањето, следењето на контактите, како и третманот.

Прочитајте и...  Најмалку две жртви при уривање на зграда во Лагос

Брисел процената ја темели врз информациите што ги добива од делегациите на ЕУ на терен.

За Северна Македонија и другите земји кои остануваат на црната листа важат неколку исклучоци: државјанин на земја на ЕУ и неговото семејство, лица со долгорочен престој во ЕУ и семејството, и се разбира есенцијалните работници како медицинските лица.

Истите правила важат за целата Шенген зона.

Иако оваа препорака на Советот не е правно обврзувачка за земјите членки, и секоја од нив има право да донесе сопствена национална одлука, Советот оценува дека, што се однесува до третите земји за кои не е дозволен влез во ЕУ, земјите членки на ЕУ не треба да донесуваат различни одлуки без да се координираат со останатите земји на Унијата.

Прочитајте и...  Николоски: Изградба на автопатот од Градско преку Прилеп до Битола и грчката граница

Прочитај повеќе

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија доби една од најсовремените операциони сали во регионот

Слободен печат

Црногорската опозиција обединета во Граѓански блок ќе настапи на парламентарните избори

Слободен печат

Македонија лидер во регионот по употреба на платежни картички

Слободен печат

СДСМ со соопштение за „бомбата“: Во очаен обид да се исценира некаков скандал заборавиле да го исечат она „марш“

Слободен печат

Вучиќ: Договорени се темите за состанокот во Брисел

Слободен печат

Извештај: Повеќе околности доведоа до соборувањето на украинскиот авион во Техеран

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови 136 случаи на коронавирус, починаа шест лица, а оздравени се 123 пациенти

Слободен печат

Промашена „бомба“ за Заев: Тој вели „мaрш“, а напишано е „важи“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Состојбата не се подобрува: Нови 287 случаи на коронавирус во Србија, 11 лица починаа

Слободен печат

Заев: На 15 јули излези и гласај за заедно да ја градиме нашата иднина (ВИДЕО)

Слободен печат

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

МИА Агенција

Мицковски од Штип: Мотивирани сме, не мотивира поддршката од народот

МИА Агенција