Граѓански организации ја поддржуваат концепцијата за реформите во основното образование зошто ги одразува вредностите за кои се залагаат и тие

Архива на

 Претставници на граѓански организации денеска имаа средба со министерката за образование и наука Мила Царовска за предложената нацрт-концепција за реформи во основното образoвание.

Царовска по средбата изјави дека имаат недвосмислена поддршка од граѓанскиот сектор зашто, како што рече, концепцијата предвидува конечно ориентирање кон граѓанските вредности кои се и европски вредности и се базира на  родова рамноправност, мултикултурализам и инклузивност.

– Граѓанските организации се гледа дека детаљно ја прочитале, дадоа и коментари како да се вклучат во имплементација, да учествуваат и во подготовка на наставните програми, со цел овие вредности да бидат позиционирани подеднакво во сите наставни програми, рече Царовска по средбата.

Ирена Цветковиќ од Колаиција „Маргини” изјави дека нивната сфера на работа е образование од аспект на родова рамноправност, недискриминација и ненасилство и смета дека досега училиштата се небзезбедни за многу млади луѓе.

– Воспитната компонента е многу важна. Според Светска банка, околу 1000 часови во годината ученикот поминува во училиште и затоа тоа треба да е безбедна средина, за да се обезбеди развој на севкупниот потенцијал на секое дете. Важно е и градењето демократски капацитети и ставови кај младите. Конечно, концепцијата ги става овие вредности во основата. Ќе ја следиме имплементацијата зашто за нас е важно овие реформи реално да заживеат, рече Цветковиќ.

Бранимир Јовановски од „Мобилност Македонија” рече дека е за поздравување новата концепција, особено за лицата со инвалидност, посочувајќи дека и со Конвенцијата на ОН треба да бидат консултирани луѓето со попречености. Образованието, рече тој, е висок приоритет за овие лица за да дојдат до полесно вработување и егзистенција на своето семејство.

– Од лица кои се издржуваат од државата да бидат лица кои сами ќе придонесуваат за својата егзистенција и за добробит на целото општество, истакна Јовановски.

Тој посочи дека за инклузивно образование, пред се,  е важна пристапноста до објектите – рампи и лифтови, и адевкватни санитарни јазли, асистивна технологија, материјали на Брајово писмо, асистенти во наставата, толкувачи што го знат говорниот јазик за децата со оштетен слух и полесни материјали за лица со попреченост во интелектуалниот развој.

– Добивме информација дека МОН не само декларативно, туку и реално ќе остварува, а ние сме отворени за соработка, додаде Јовановски.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет изјави дека голем дел од концеоцијата се совпаѓа со принципите и вредностите за кои, како што рече, се залагаат и граѓанските организации. Хелсиншкиот комитет, според неа, не е фокусиран стриктно на образованието, туку за работа со млади луѓе и човекови права, за што организираат и школи.

– Во нашето општество фали пристап што ќе овозможи меѓуетничка интеракција. Тоа е видливо во оваа концепција и важно е што пристапот за развивање на интеракцијата е сличен на пристапот што ние со години го препорачуваме. Младите да се запознаваат, да ги запознаваат карактерстиките на етничките заедници. Тоа недостигаше, рече Пировска.

Таа додаде дека со она што го нуди концепцијата ќе се намали празнината што сега постои, а ќе се намали и процентот на насилство.

– Нашите податпци покажуваат дека најголем процент, и како сторители, и како жртви, се младите луѓе. Тоа е затоа што тие не знаат за различните од себе, за нивната култура и карактеристики. Оваа концепција ќе ја пополни таа празнина, рече Пировска, додавајќи дека во тоа ќе придонесат наставиците и вонннаставните активности.

Според Споменка Лазаревска, програмски директор на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), концепоцијата нуди современ пристап во наставата и учење базирано на резултати од учење, компетенции, што секој ученик треба да ги стекне до крајот на основното образование.

– Тоа ќе го намали фактографското учење, а ќе го поттикнува критичкото и анаитичкото мислење, ќе ја зајакне воспитната компонента која беше запоставена, рече Лазаревска, посочувајчи и дека концепцијата е флексибилна и дава избор на содржини и предмети. Според неа, најважно е учениците да се научат како самостојно да учат, што е особено потребно сега кога учат од дома.

Таа го поздрави консултативниот процес за концепцијата и рече дека, за жал, дел од јавноста подлегнала на лажни вести за укинување на предмети.

Министерката Царовска дополни дека во светот се учи низ тематско поврзување и дека втора фаза во процесот ќе бидат наставните програми кои ќе ги пишуваат експерти од областите – професори од високообразовни институции, но и оние што предаваат одредени теми.

– Нема тема што се решава и анализира само во еден предмет, така ќе се оспособат да совладуваат пробелми, рече министерката, посочувајќи дека  остануваат знаењата по одрдени предмети, а тематската интеграција ќе биде, како што рече, повисоко ниво за истражвања и проблемско поставување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот