Градоначалникот на Ресен, Гошаревски на Фејсбук: Нивото на Преспанското Езеро е зголемено за 14 сантиметри

Фото: МИА

Од почетокот на 2021 година, нивото на Преспанско Езеро е зголемено за 14 сантиметри и сега е на ниво 842.36 см.. Веста за зголемување на нивото на езерото ја сподели градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски преку неговиот Фејсбук профил.

– Секторот за животна средина на Општина Ресен, по извршените мерења ме информира дека од почеток на оваа година нивото на Преспанско Езеро се зголеми за 14 см., односно, сегашното ниво е 842.36 см. Тоа е добра вест, во година кога треба и институционално да започнат голем број активности за спас на нашето езеро, информира Гошаревски.

Минатиот месец, Преспанскиот регион го посети премиерот Зоран Заев кој соопшти дека Владата обезбедила првични 80 милиони денари за ревитализација на езерото, чие ниво беше многу намалено во однос на поросекот.

На 30 декември 2020 година, водостојот на Преспанското Езеро беше понизок за 1,52 метри во однос на повеќегодишниот просек за тој месец, со што за 50 сантиметри го имаше надминато апсолутниот минимум, покажаа мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот