Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ поради теснопартиски и лични интереси делуваат на штета на граѓаните

Данела Арсовска на прес пред универзална сала / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Од Град Скопје преку соопштение велат дека „со жалење може да констатираат дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради теснопартиски и лични интереси решиле да делуваат на штета на граѓаните на градот Скопје“.

„На денешната седница на Советот на градот Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изменување на Програмата за одржување на коритото на реката Вардар,нејзините притоки,отворените канали и расчистување на дивите депонии на подрачјето на град Скопје за 2022 година.

Со ова тие го стопираа расчистувањето и разубавувањето на кејот на реката Вардар како и сите нејзини притоки, но и проектот за расчистување на дивите депонии во градот Скопје.

Истите советници, гласаа и за ставање вон-функција на Жичницата на Водно, со тоа што гласаа негативно на предлогот ЈСП да може да генерира дополнителен приход преку издавање на рекламен простор на жичницата. Со ова, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, го ставија во директна опасност рентабилното функционирање на ЈСП и жичницата.

За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција гласаа дискриминаторски по точката за носење на годишните програми на средните училишта, селектирајќи го нивното гласање позитивно само во училиштата каде што раководен кадар се лица кои на ним им одговараат.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш се покажа пред граѓаните. Иако во јавноста постојано повторуваа дека ја поддржуваат програматата „За Модерно Скопје“, токму тие работат во директна спротивност на истата“, порачаа од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот