Српската полиција уапси 72-годишна жена која продавала отровни печурки на пазар, отрула најмалку десет луѓе

Во Националниот центар за контрола на отрови на Воено-медицинската академија во Белград (ВМА) деновиве се примени десет пациенти со симптоми на труење со отровни печурки, пренесуваат српските медиуми. Осуммина од нив се во тешка состојба.

Како што соопштија од ВМА, пациентите печурките ги набавиле од неовластен продавач и ги консумирале, не знаејќи дека се отровни.

Полицијата во Шабац ја уапсила 72-годишната М.Г.(72) поради сомнение дека таа им ги продала отровните печурки на затруението, на пазарот во Шабац.

Осомничената е во 48-часовен притвор и ќе биде сослушана во Основното јавно обвинителство во Шабац. Полицијата запленила и одредена количина печурки, кои ќе бидат анализирани.

Од ВМА предупредуваат дека од оваа пролет во Националниот центар за контрола на отрови биле лекувани 26 пациенти со труење од печурки. Меѓу нив имало и една бремена жена, но за среќа сѐ поминало без посериозни последици. Српските лекари апелираат до граѓаните да се воздржат од собирање и јадење шумски печурки, бидејќи земјата влегува во период на обилни врнежи, кога се очекуваат повеќе печурки во природата, а тогаш станува и полесно да се измешаат печурките што се јадат со отровните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот