ГОЛЕМО ИСТРАЖУВАЊЕ ОТКРИВА: Климатските промени ќе им донесат доживотни здравствени проблеми на идните генерации

Климатски промени / Фото: ЕПА

Децата родени во денешнината се соочуваат со различни и доживотни здравствени последици како резултат на климатските промени – растат во потопол свет со ризици од недостиг на храна, заразни болести, поплави и екстремни горештини, открива големо истражување објавено во списанието Лансет.

Климатските промени веќе му штетат на човековото здравје со зголемувањето на бројот на екстремни временски појави и зголемување на загадувањето на воздухот, се вели во студијата.

Во неа се потенцира дека доколку ништо не се преземе за да се ублажат тие последици, влијанието на климата би можело да оптовари цела генерација со болести кои ќе ги следат цел живот.

– Децата се особено чувствителни на здравствените ризици од климата која се менува. Нивните тела и имунолошкиот систем сè уште се развиваат и затоа се повеќе изложени на болести и на загадувачите во животната средина – вели Ник Вотс, кој ја водеше студијата за здравјето и климатските промени.

Тој предупреди штетите по здравјето нанесени во раното детство се „тврдокорни и надвладувачки”, но и со доживотни последици.

– Без итно дејствување од страна на сите земји за намалување на емисиите на стакленички гасови, она што беше постигнато во смисла на квалитет на животот и долговечност, ќе биде компромитирано и климатските промени ќе почнат да го одредуваат здравјето на цела една генерација – рече тој во Лондон.

Научниот тим порача дека воведувањето мерки за ограничување на емисиите и ограничување на глобалното затоплување би довело до друг резултат.

Студијата, објавена во Лансет, е резултат на соработка помеѓу 120 експерти од 35 институции, меѓу кои и Светската здравствена организација, Светската банка, Универзитетскиот колеџ во Лондон и кинескиот универзитет Цингуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот