Голем пожар во Атина, надлежните го запалија црвеното светло

Пожар избувна претпладнево во областа Лагониси во регионот Атика, на околу 40 километри од центарот на Атина.

Иако огнените јазици се во близина на населено место, од Противпожарната служба на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА велат дека барем за сега не постои опасност за домовите што се наоѓаат во близина на пожарот.

Пожарот избувнал од сува трева, а од грчката противпожарна служба соопштуваат дека во гаснењето, кое што е во тек, учествуваат 30 пожарникари со 11 возила, една пешадиска единица, два авиони и еден хеликоптер, јави дописничката на МИА од Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот