Ѓоковиќ веќе знае што ќе прави по завршување на кариерата

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Новак Ѓоковиќ уште сега сериозно размислува за следниот чекор, односно што ќе прави по завршување на тениската кариера. Српскиот тенисер е професионалец од 2003 година и досега има освоено 18 грен слем титули како и 82 триумфи на АТП турнирите, а е и тенисерот кој највеќе недели е на чело на АТП ранг листата. Тој се гледа како ментор на помладите тенисери и смета дека со своето знаење и искуство би им бил од голема помош.

– Што се однесува до улогата на ментор и тренер, тоа веќе на некој начин го правам во нашиот тениски центар.  Директно учествувам во тренерскиот и менторскиот дел како и во креирање на стратегијата. Себеси се гледам како дел од тениската академија, тоа е природен и логичен пат – вели Ѓоковиќ кој додава:
– Во декември минатата година престојував во Белград и работев со Олга Даниловиќ како и со останатите тенисери и тенисерки кои беа присутни во кампот. Се чувствував исполнето да бидам на теренот и да можам да го пренесам своето искуство на помладите. Во некое догледно време кога нема да имам настап на турнири ќе бидам посветен на младите тенисери бидејќи на нив секогаш им се потребни совети и мотивација, а јас сум секогаш тука за нив.

Но, освен менторството и работата со младите тенисери, Ѓоковиќ би сакал да се испроба и во уште една професија која му делува примамливо.
– Би сакал да се испробам и како коментарот. Немам некои амбиции тоа да ми би биде главна работа, но веројатно ќе бидам на некој од грен слем турнирите. Зошто да не, ќе се испробам и во оваа улога, но нема да го правам тоа постојано. Би сакал да коментирам некој меч во кој настапува тенисер од мојата држава како Хамад Меѓедовиќ кој е млад и е талент со голем потенцијал- објаснува Ѓоковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот