Ѓоковиќ: Подготвен сум за најдобрата сезона во кариерата

twitter/Davis Cup

Првиот тенисер на АТП ранг листата се надева дека 20202 година ќе му биде една од најдобрите во кариерата и сака да освои медал на Олимписките игри во Токио.

Новак Ѓоковиќ на дружењето со медиумите во Белград се осврна на рекордната осма титула во Мелбурн но и за очекувањата од остатокот од сезоната.

– Австралија Опен ми е омилен турнир. Имам дополнителен мотив на почетокот од сезоната да освојам шампионски пехар, за да може денот по утрото да се познава во остатотот од сезоната. Убаво се чувствувам во Мелбурн, секогаш сум прикажувал неверојатни игри таму, сè уште по паметам финалето со Рафаел Надал во 2012 година. Мотивиран сум за да направам оваа сезона да ми биде најдобра иако ќе имаме помалку време за одмор. Грен слем титулите ми се главна цел, но и Олимписките игри. Се надевам дека дојде времето да освојам уште еден медал – рече Ѓоковиќ кој потоа зборуваше подетално за Игрите и чувството како е да биде дел од најголемиот спортски настан.

– Олимписките игри се најголемиот спортски настан, сите знаат што претставуваат Игрите. Имав чест во 2008 година на свеченото отворање да го носам знамето. Главната цел ми е да освојам медал, но и да го ја почувствувам таа олимписка атмосфера во олимпиското село. Да имате можност да седите во ресторанот и покрај вас да поминуваат најдобрите спортисти во светот, да сме помеѓу нив, да разговарате и да барате некоја дополнителна мотивација.

Неизбежна тема беа и Рожер Федерер и Рафаел Надал.
– Ние имаме доста заеднички работи, а една од главните е шампионскиот менталитет. Федерер веќе со години игра на највисокот ниво и тоа е за респект. Таков талент е ретко виден во историјата на спортот. И Рожер има најголеми амбиции кога станува збор за грен слем турнирите и пласманот на АТП ранг листа.
Ние двајца, јас и Рафа сме му најголема мотивација да продолжи и понатаму да биде еден од најдобрите. Нашите дуели, нашите борби и мене и Рафа и Рожер дополнително не мотивираат. Сево ова што сум денеска и како тенисер и како личност, е највеќе поради нив двајца. Иако на почетокот на кариерата не ми беше, сега можам слободно да кажам дека ми е задоволство што играме во оваа ера – потенцира Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот