Ѓоковиќ откри во каква состојба му е лактот

twitter/ATP Tour

Српскиот тенисер и се приклучи на репрезентацијата на Србија која ја очекува настап во Дејвис Купот. Ѓоковиќ минатата недела настапи на завршниот Мастерс во Лондон, но не ја помина групната фаза.

Тој за време на последниот дуел со Роже Федерер,во неколку наврати направи загрижувачки гримаси откако се фати за десниот лактот. Пред стартот на завршниот турнир во Дејви Купот, Ѓоковиќ откри дека засега нема никакви проблеми со лактот.

– Не почувствував никаква болка во лактот. Се е во најдобар ред. Дејвис купот за мене секогаш било важно натпреварување и ова е едно од натпреварувањата во кои уживам. Интересно е што во Мадрид се наоѓаат дури 89 тенисери, о тоа е преголем предизвик за организаторите. Имам чувство како да сум на Олимписки игри, каде не играм како поединец туку сум дел од мојата репрезентација – изјви Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ денеска го загуби и првото место место на АТП ранг листата, откако испадна во групната фаза и нов лидер е Рафаел Надал кој годината ќе ја заврши на првата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот