Ѓоковиќ не сака пари од обложувалници - Слободен печат

Ѓоковиќ не сака пари од обложувалници

Новак Ѓоковиќ одби да биде заштитно лице и да ги рекламира најголемите светски обложувалници бидејќи не сака да праќа лоши пораки на милиони луѓе на кои им е спортски идол. Тој неодамна одбил понуда тешка неколку милиони евра од најверојатно најголемата обложувалница на светот.

Ѓоковиќ како прв тенисер на АТП ранг листата постојано е на мета на обложувалниците и досега дури три пати ги одбил таквите понуди. Според тенисерот, поважно му е со кого соработува, а сумата не е пресудна.

– Барам партнери и спонзори кои се општествено одговорни. Спозорството за мене отсекогаш претставувало еден вид на партнерство. Мора да постои компатибилност, инаку не можеме да функционираме заедно. Имам свои лични ставови, уверувања, погледи на светот и здрав начин на животот. Доколку некоја компанија која сака да соработува и нема идентични идеи и размислувања, тогаш не сакам да соработуваме. За мене финансиите се во втор план на тоа поле бидејќи сите заедно праќаме порака до младите ширум светот и затоа не сакам да соработувам со секого – изјави Ѓоковиќ неодамна на прашање поврзано со спонзорите.

Прочитајте и...  ОФИЦИЈАЛНО идентификувано телото на Коби Брајант

Прочитај повеќе

Интер во полуфиналето против Елмас и Наполи! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Ливерпул „мириса“ титула, совладан и Вест Хем за „плус 19“! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Германската атлетичарка ќе биде главна атракција на Игрите во Токио! (ФОТО)

Слободен Печат

Евертон одби 100 милиони евра за својот најдобар фудбалер!

Слободен Печат

Ѓоковиќ се потсети на тешките моменти: 10 марки, тоа е сè што имаме!

Слободен Печат

И Шишкарев одлучи да го напушти Вардар (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

15 − 5 =

Прочитај повеќе

Тепачка на тренингот на Баерн Минхен (ФОТО)

Слободен Печат

Официјално: Фернандеш нов играч на Манчестер јунајтед

Слободен Печат

Храбриот Вардар ремизираше против Црвена звезда (ВИДЕО)

Слободен Печат

„Класика“ по 50 пат, Ѓоковиќ против Федерер! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Барса ќе го продаде Иван Ракитиќ во јануари!?

Слободен Печат

Коронавирусот се одрази и на спортот: Откажани трки во скијање, фудбалерки во карантин

Слободен печат