Ѓоковиќ се ближи кон апсолутниот рекорд, ја започна 351 недела на АТП тронот

Новак Ѓоковиќ има девет титули на Австралија Опен / фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Денеска најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ од Србија ја започна 351 недела на врвот на светската АТП ранг листа.

Србинот е сè поблиску до апсолутната рекордерка Штефи Граф, која беше на врвот на ВТА листата вкупно 377 недели.

Исто така, Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како прв играч на светот по рекорден седми пат. Ноле моментно има 11.540 поени на врвот на листата, 2.900 повеќе од второпласираниот Русин Данил Медведев.

Третата позиција на АТП листата ја зазема Германецот Александар Зверев, четврти е Гркот Стефанос Циципас, а петти Русинот Андреј Рубљев.

Во топ 10 тенисери во светот се и Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Во женска конкуренција на ВТА ранг листата најдобра е Ешли Барти од Австралија со 7,582 поени, пред Арина Сабаленка (Белорусија) со 6,380, а на третата позиција е Гарбиње Мугуруза (Шпанија) со 5,685 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот