Ѓоковиќ дефинитивно останува прв после одлуката на Медведев

Данил Медведев годинава го брка првото место на АТП ранг листата/Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Рускиот тенисер Данил Медведев се откажа од учеството на турнирот во Ротердам, што значи дека засега се откажа од бркањето на првата светска позиција на Новак Ѓоковиќ.

– За жал, оваа година нема да играм во Ротердам. Само што се вратив од Австралија и не сум подготвен да се натпреварувам. Ротердам е еден од моите омилени турнири. Се надевам дека ќе се вратам во иднина – рече Медведев.

Rusinot имаше можност да се најде првото место на АТП листата, да го нападне српскиот ас кој беше лишен од можноста да го одбрани трофејот на „Австралија опен“ по депортацијата и е голем знак прашалник што ќе се случува следната сезона за Ноле.

Дубаи е потврден, француските власти донесоа одлука која во моментов не е во негова корист и не му дозволува настап на Ѓоковиќ на „Ролан Гарос“, а шансите се моментно непостоечки за Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Таму, секако, Медведев би добил шанса да дојде до врвот на АТП и да биде пред Србинот.

Руседски верува во Ѓоковиќ: Новак е најдобар и на крајот ќе има највеќе гренд слем титули

Вучиќ на средба со Ѓоковиќ, кој за настаните на „Австралија опен” јавно ќе проговори за 10 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот