Вучиќ на средба со Ѓоковиќ, кој за настаните на „Австралија опен” јавно ќе проговори за 10 дена

Вучиќ и Новак Ѓоковиќ фото МИА

Тенисерот Новак Ѓоковиќ денеска му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за поддршката која Србија и институциите му ја пружиле додека беше во притвор во Мелбурн поради проблеми со визите пред Отвренето првенство на Австралија (АО)

Претседателот на Србија му се заблагодари на Ѓоковиќ што покажал почит кон Србија и што ја прославил Србија во светот.

-Постои една работа што е непобитна и восхитувачка. Јас и Новак се слушнавме првото или второто утро во Австралија, тоа го кажав попатно, па замолчав – ајде Ноле, врати се, што ќе правиш таму, а потоа видов колку е упорен човекот, колку сака да се бори на спортски терен, да се избори не само за себе, туку и за својата земја и да покаже колку е подобар, изјави Вучиќ.

На прес-конференцијата по средбата со Вучиќ во зградата на Претседателството, Ѓоковиќ оцени дека претседателот на Србија поради ангажманот „веројатно се ставил во компромитирана позиција” во сферата на меѓународните односи.

-Иако бев сам во притворот во Австралија, не се чувствував осамено. Ја имав, пред се, поддршката од моето семејство и од целиот српски народ. Добронамерни луѓе се јавуваа и се обидоа, јавно и приватно, да го направат мојот престој во Австралија полесен, изјави Ѓоковиќ.

Тој посочи дека Вучиќ и државата Србија немале обврска да му пружат поддршка, дека такво нешто не се подразбира, но дека се цени и почитува.

Ѓоковиќ, кој денеска првпат и се обрати на јавноста по настаните во Австралија, најави дека во следните седум до десет дена ќе се обрати до медиумите со „подетална и појасна” верзија за настаните пред АО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот