Ѓоковиќ: Алкараз е фантастичен тенисер, денес немаше среќа

Новак Ѓоковиќ денес го совлада Карлос Алкараз со 3:1 во сетови и се пласираше во своето седмо финале на Ролан Гарос.
Првите два сета донесоа израмнета борба, а потоа дојде повредата на Алкараз кој го одлучи полуфиналето во корист на Ѓоковиќ. Не се предаде Шпанецот, остана на теренот да се бори, но во таква состојба не можеше да му парира на расположениот Ѓоковиќ.
По победата Ѓоковиќ не заборави да испрати големи пофалби на сметка на младиот тенисер порачувајќи му дека во иднина сигурно уште многу пати ќе го освои овој турнир.
„Карлос е фантастичен тенисер и сигурно во иднина уште многу пати ќе го освои овој турнир, тоа му го кажав додека бевме на мрежата. Денес немаше среќа, никој не сака да се повреди во еден ваков меч и се надевам дека брзо ќе се врати. Не е лесно постојaно да играте со ваков интезитет. Титулата се уште не освоена има уште еден меч и сакам да победам“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ во финалето ќе се обиде да дојде до својата 23. гренслем титула и со тоа би станал најтрофеен во историјата на тенисот.
ФОТО+ВИДЕО | Алкараз се повреди, па Ѓоковиќ издоминира за седмо финале на Ролан Гарос