Гимнастичарка ги скрши двете нозе при доскок (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Американската гимнастичарка Саманта Керио доживеа тешка несреќа, откако ги скрши двете нозе при доскок на вежба на партер. Поради несреќата таа веднаш одлучи да ја прекине  професионалната кариера.

– Беше тешко да се гледа таа слика. Сите се надеваме дека Саманта брзо ќе закрепне. Штета, беше голем гимнастички талент – изјави нејзиниот тренер Џеф Граба.

Керио ги скршила двете нозе при доскотот од изведбата на двојно салто. Таа веднаш била пренесена во болница каде што била оперирана.
Керио на својот профил на „Инстаграм“ објави дека става крај на нејзината кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот