Гигантот „Сирс“ затвора една третина од продавници во САД
Американската компанија „Трансформ Холдко“, сопственик на „Сирс“ и „Кејмарт“, затвора 96 продажни локации или околу третина од сите свои продавници на двата малопродажни гиганти.
„Сирс“ и „Кејмарт“ се едни од најстарите синџири на стоки за широка потрошувачка во САД отворени во 19 век. Првата, на пример, беше најголема малопродажна компанија, која потоа беше надмината од „Волмарт“. Двете продавници во последно време се соочуваат со тешкотии, „Сирс холдинг“ од 2011 година работи со загуби, не може да ја издржи конкуренцијата со онлајн продавниците, па лани во октомври отиде во стечај.
Холдингот годинава беше откупен од милијардерот Еди Ламперт за 5,2 милијарди долари, по што сопственик стана „Трансформ Холдко“, компанија создадена специјално за тоа а управувана од инвестициски фонд на Ламперт.
Затварањето на продавниците ќе се одвива од декември до февруари.