Германските лекари со барање: Итно враќање на делумниот карантин

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германските лекари од одделите за интензивна нега денеска предупредија дека потребно е „итно враќање” на делумниот карантин во земјата со цел да се избегне третиор опасен бран од пандемијата со ковид-19.

– Од податоците со кои располагаме и ширењето на британската мутација на вирусот, итно треба да се вратиме на карантинот со цел да избегнеме силен трет бран, изјави директорот на Германскиот регистар за интензивна нега, Кристијан Карагинидис.

Во Германија забележан пораст на бројот на новозаболени лица со ковид-19 по постепеното укиунување на рестриктивните мерки од крајот на февруари, при што бепе дозволено отворање на училиштата, фризерниците и другите деловни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот