Германски епидемиолог предупредува: Не можеме да го паузираме животот, не е лошо што има толку многу заболени

epa08664380 A demonstrator wears a mask during a demonstration against coronavirus restrictions at the Theresienwiese in Munich, Bavaria, Germany, 12 September 2020. Around 8,000 demonstrators took part in the demonstration, which was against the current measures to contain the spread of the coronavirus SARS-CoV-2, which causes Covid-19 disease. EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Инфекцијата од коронавирус без симптоми не мора нужно да биде лоша, а мерките за заштита не би смееле да зависат од бројот на заразени, изјави германскиот виролог Хендрик Штрек.

Бонскиот експерт апелира за промена на стратегијата:

– При проценката на ситуацијата не смееме да се потпираме само на пројот на заразени, изјави Штрек за “Велт ам зонтаг“. Иако бројот на позитивни случаи на коронавирус во Германија и Европа значително расте, „во исто време речиси воопшто немаме пораст на бројот на смртни случаи“, објаснува експертот, кој смета дека во вакви околности повторно треба да се разгледа обемот и траењето на официјалните мерки за сузбивање на пандемијата.

Според неговото мислење, и натаму треба да се спречува ширењето на инфекциите, но постои можност поинаку да се интерпретираат апсолутните податоци. Тој смета дека инфекциите без симптоми не мора нужно да се лоши:

– Што повеќе луѓе ќе се заразат, а притоа немаат симптоми – барем во текот на краток период – ќе бидат имуни. Тие повеќе на можат да придонесат за ширење на епидемијата, објасни Штрек.

Директорот на Институтот за вирологија и истражувања на ХИВ на Универзитетот во Бон укажа на фактот дека никој не го знае единствениот вистински пат во борбата против епидемијата, но не можеме да го паузираме целиот живот.

– Можеме само да пробуваме, а грешките се нешто што мора да ни биде дозволено, смета Штрек.

Германскиот Туристички сојуз ги критикуваше мерките за повратниците од одмор

Германскиот Туристички сојуз оцени дека новите правила за карантинот за луѓето кои се враќаат од одмор  се фактичка забрана за вршење на професијата за таа бранша.

– За во зима не можеме да продадеме речиси ништо. Туризмот стана трговец без стока, изјави претседателот на сојузот Норберт Фибиг.

По враќањето од различни подрачја во Германија важи мерката за домашна изолација во трање од 14 дена. Германската сојузна држава и покраините сега одлучија од први октомври карантинот да може да се укине дури пет дена по поднесувањето на негативен тест на коронавирус. Досега повратниците од различни подрачја беа слободни веднаш по поднесувањето на негативен тест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот