Германија ќе даде за Македонија безусловна, а за Албанија условена препорака за ЕУ?

Германскиот Бундестаг утревечер ќе гласа за предлогот да се одобри почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија. За Скопје нема никакви забелешки, но Тирана ќе се соочи со дополнителни услови, пишува македонското издание на „Дојче веле“.

Дека земјава ќе добие потврда од Бундестагот е сигурно уште од надминувањето на спорот за името, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг, прогнозирајќи притоа дека на гласањето в четврток, Скопје ќе добие „целосно зелено“, а Тирана „темно зелено“ светло.

Со други зборови, повикувајќи се на работниот документ кој го изготвиле владејачките германски партии ЦДУ и СПД, ФАЦ наведува дека за земјава ќе биде одобрен почеток на преговорите без дополнителни услови, додека Албанија ќе мора да исполни серија барања.

„ Делот за Северна Македонија (од заедничкиот став на СПД и ЦДУ, н.з.) е значително покус и појасен. Фракциите ги поздравуваат „значителните достигнувања“ на земјата, која и натаму се менува во една инклузивна и отворена политичка атмосфера. Пофалби има и за подобрувањето во културата на компромис во Скопје. Далеку пообемен и покритичен е нацрт-извештајот за Албанија“, пишува ФАЦ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот