Германија ја одби Украина за дополнителна воена помош

Шефот на британските вооружени сили смета дека Русија изгубила околу 2.500 тенкови во Украина, поради што од магацините се вади старото советско оружје. / Извор: Tangosix

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги отфрли повиците за поголема германска воена помош за Украина.

„Не можеме да одиме „на се“, како што бараат некои. Во спротивно, самите би биле беспомошни“, изјави Писториус за Тагешпигел.

Тој додаде дека Германија досега испорачала се што е можно и дека Германија веќе и дава на Украина најмногу од сите земји на ЕУ, а сега останува на другите европски партнери да направат повеќе.

„На сите мора да им биде јасно: ако Путин победи во оваа војна и ја окупира Украина, опасноста за зоната на НАТО, се разбира, ќе се зголеми“, предупреди Писториус.

Според неговото мислење, мора да се земе предвид дека еден ден Русија дури и ќе нападне земја на НАТО. Писториус во моментов не смета дека е веројатен руски напад, но наведува дека германските експерти проценуваат дека во период од пет до осум години тоа би било можно. Тој посочува дека поради ова Бундесверот мора да стане „подготвен за војна“, дека мора да се преземат мерки на претпазливост и да се зголеми одбранбената способност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот