Германија го одби барањето на САД за обезбедување на бродовите во Персискиот Залив

Американски брод / Фото: Архива

Германија го отфрли барањето на САД да учествува во обезбедувањето бродови во Персискиот Залив, изјави вицеканцерот Олаф Шолц, истакнувајќи дека владата е едногласна во одбивањето да учествува во мисијата предводена од САД. Тој потенцира дека впечатокот е дека сите членови на владејачката „голема коалиција” имаат ист став во однос на тоа прашање.

– Нашиот став е познат. Ние сакаме да разговараме со нашите француски и британски партнери во Европа за тоа како можеме да ја контролираме ситуацијата, но не стана збор за мисија, како што се бара сега, објасни Шолц.

САД официјално побараа од Германија поддршка во воена коалиција за заштита на бродовите на морскиот пат преку Персискиот Залив. Велика Британија претходно предложи европска мисија.

Дневниот весник „Зидојче цајтунг” објави дека министерот за надворешни работи Хајко Масс минатата среда, на вонредната седница на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, јасно ставил до знаење дека владата има намера да го отфрли американскиот план.

Во моментов, Американците и Британците се подготвуваат за воспоставување на планираната мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот