Германците смислија одлична стратегија за борба против корона, но не го предвидоа овој проблем

Здравствените служби во Германија немаат доволно службеници за да ги утврдуваат контактите на заболените лица од корона вирусот.

Истражувањата во земјата покажале дека надлежните институции за регистрирање на заразени и утврдување на контакти немаат доволно вработени да ги исполнат овие задачи.

Од повеќе од 380 здравствени служби, 178 по писмен пат одговориле и го навеле својот број на вработени, а се утврдиле дека во 119 градови во моментов нема доволно ангажирани лица за спроведување на своите задачи.

Се испоставило дека само 21 округ, што претставува 12 отсто, на корона вирусот ги тестираат сите контакти на лицата од категоријата 1.

Дури во 11 окрузи во кои се спроведува тестирањето на сите блиски контакти на заразените се наоѓаат во покраината Баден Виртенберг.

Таму покраинската Влада го презела финансирањето за тестирањето, а здравственото осигурување плаќа самоџ за лицата кои имаат симптоми на заболувањето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот