Георгиевска: 15 милиони денари за ваучери за летување во домашни капацитети, грижата за граѓаните и стопанството продолжува

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за економијата, за угостителите, за граѓаните, порача денеска пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.

– И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации по што повикот е затворен.

За реализација на оваа мерка од државниот буџет предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери.

Ова се пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери, со што ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а истовремено ќе им се помогне и илјадници семејства со ниски примања.

Помош и поддршка за граѓаните, за домашната македонско стопанство се нашите приоритети како социјадемократска партија. Градиме силна, развојна, конкурентна и стабилна економија која носи шанса за сите, рече Георгиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот