Геј пар доби отштета од италијанската влада бидејќи без дозвола користела слика од нив во кампања против сурогат мајчинството

Парада на гордоста во Милано / Фото EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Екстремно десничарската владејачка партија во Италија доби наредба да плати отштета на истополов пар од Канада затоа што искористиле фотографија од нив со новородениот син без нивна согласност во кампања против сурогат мајчинството.

Би Џеј Барон и Френки Нелсон го пречекале својот син Мило со помош на сурогат мајка во 2014 година, пишува „Би-Би-Си“. Фотографијата направена од тој момент станала вирална, но потоа била искористена од партијата Браќа на Италија во 2016 година.

На партијата и е наложено да му плати на парот по 10.000 евра.

На партијата и беше наложено да платат за „навредлива употреба на нивниот имиџ“ откако италијанската ЛГБТ адвокатска фирма Геј Лекс го презеде случајот. Од партијата се жалат на одлуката.

Геј пар доби отштета од италијанската влада бидејќи без дозвола користела слика од нив во кампања против сурогат мајчинството / Фото Браќа на Италија

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја предводи најдесничарската влада од Втората светска војна.

Браќа на Италија е директен политички потомок на италијанското социјално движење, кое било формирано од членовите на Фашистичката партија на Мусолини по војната.

Во март, тие му наложија на градскиот совет на Милано да престане да ги регистрира децата на истополовите родители, што доведе до протести.

„Ова е мала победа за нас, но е огромна победа за ЛГБТИ+ заедницата во Италија и во странство. За нас, нашата фотографија од раѓањето претставува сè за што се залагаме; семејство, прифаќање и безусловна љубов“, изјави парот за Би-Би-Си.

„Оваа победа против партијата и премиерката ни овозможува да ја вратиме нашата фотографија и да му покажеме на светот дека семејството е за љубов“ додадоа тие.

Фотографијата, направена од Линдзи Фостер, била искористена без дозвола и од независната ирска политичарка Мери Фицгибонс во 2016 година за да ја поттикне нејзината платформа против сурогат мајчинство за истополови родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот