Гастрономско уживање од Дијана Иваноска: Галета со кајсии

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – галета со кајсии.

Фото: Приватна архива

Состојки:
За кората:

– 150 грама многу ладен путер исечкан на коцки
– 300 грама брашно
– 3 лажици шеќер
– прстофат сол
– 75 милилитри ладна вода
– 1 јајце за премачкување
– Крупен кафеав шеќер за поросување

Фил:

Околу 6 кајсии зависи од големината. Треба да се покрие средината на кората со кајсии.
– 1 лажица нишесте
– 1 лажиче ванила екстракт
– 2 лажици шеќер (ако сакате поблаго, ставете и повеќе)

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги брашното, шеќерот и солта и измешајте. Додајте го ладниот путер и тријте го со брашното додека добиете ронлива смеса. Додајте ја водата и замесете тесто. Треба да биде меко и да не се лепи за рацете. Тестото поделете го на два дела. Завиткајте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер барем еден час.

Кајсиите исечкајте ги на тенки парчиња. Додајте ги шеќерот, ванилата, нишестето и измешајте полека.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Развлечете го тестото во круг до дебелина 4-5 мм. Редете ги кајсиите во средината на кората оставајќи околу 4- 5 см од краевите. Свиткајте ги краевите тесто преку кајсиите. Премачкајте ги краевите од кората со матено јајце. Поросете шеќер на краевите.

Печете 35-40 минути.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот