Гаражите во Србија одат како алва

Србија знаме
Знамето на Србија / Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Вредноста на трансакциите во одредени сегменти на пазарот по видови на недвижности во 2022 година во однос на 2021 година е зголемена за 26 отсто кога станува збор за станови, 56 отсто гаражни простори, пазарот на деловни простории е зголемен за 28 отсто, градежното земјиште за 23 отсто, додека вредноста на истргуваните куќи бележи пораст од 11 отсто.

Продажбата на станови е зголемена за 3 отсто, на гаражните простори за 23 отсто, на деловните простори за 2 отсто, додека бројот на продадени куќи е на исто ниво од претходната година. Во 2022 година на територијата на Република Србија истргувани се вкупно 17.926 гаражни места, од кои 13.002 гаражни места, 1.622 гаражни места и 3.302 паркинг места надвор од зградата, објави порталот Каматица.

Кога станува збор за учеството во вкупниот број на продажби на гаражни простори, најголемо учество од 51 отсто има на територијата на Град Белград.

Вредноста на пазарот на гаражни простори за 2022 година е 210 милиони евра, од кои 163 милиони евра е вредноста на пазарот во Белград.

Гледано на општинско ниво, најголем број на продажби има во општините Нови Сад – 2.871, Савски венац – 1.895, Нови Белград – 1.881, Звездара – 1.206, Вождовац – 1.076, Палилула – 758, Врачар – 5996 , итн. Цените на гаражните места на територијата на Република Србија се движеа од минимум 300 евра во Обреновац до 58.400 евра на локацијата Савски венац во Белград на вода, се вели во најновиот извештај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот