ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Грците ја поминаа ноќта на улица, силниот земјотрес во Лариса разруши повеќе објекти

Ден по силниот земјотрес што ја погоди централна Грција со магнитуда од 6,3 степени, кој предизвика паника и во кој 11 лица пријавија повреди, стручњаците ги проценуваат штетите на објектите.

ФОТО | Сведоштво на Македонка за земјотресот во Лариса: Беше морничаво, тресеше и бучеше цело време

Жителите на местата Дамаси и Месохори, оддалечени одколу 240 километри од Атина, ја минаа ноќта под отворено небо додека службите за цивилна заштита поставуваат шатори на локалниот стадион со цел да обезбедат привремено засолнување.

За прифаќање на настраданите од земјотресот се отворени и пет хотели во градот Трикала, главен град на регионот Лариса.

Афтер-шокови, од кои дел беа со јачина поголема од пет степени, го тресеа подрачјето околу главниот потрес вчера попладне по локално време.

Според гувернерот на регионот, најмалку сто куќи и други објекти, меѓу кои и цркви, се оштетени во земјотресот.

Погледнете ги фотографиите:

 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
 EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS
Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот