ГАЛЕРИЈА: Двор кој остава без здив: Слободанка Стојановска има златни раце и расцветана душа

ФОТО: Приватна архива

Слободанка Стојановска има двор од кој застанува здивот. Дворот се наоѓа во Маџари, а се простира на околу 500 квадратни метри. 

Вредната Слободанка претежно сама се грижи за оваа неверојатна убавина од разновидни цвеќиња.

– На балконите доминираат питунии-сурфинија, но имам и розички, грчки емпатии, лалиња за време на нивната сезона, хризантеми, кампанула и многу други, вели Слободанка.

Таа „им зборува“, односно ги негува цвеќињата по час до два во денот. Но, вели дека косењето на тревата и кроењето одзема повеќе време, околу три часа.

– За да почнеме да одгледуваме некое растение или некое цвеќе потребно е тоа да го правиме со љубов. Доколку не сме спремни да посветиме доволно внимание, љубов и време на секое растение не треба ни да го започнеме, нè советува оваа жена со златни раце и додава:

За да почнe некој да одгледува цвеќиња тоа треба да го прави со љубов, но секако дека треба да им посвети време и внимание. Треба да псе почне од цвеќиња што се поиздржливи на сонце.

Ја прашуваме, кое цвеќе ѝ е најдраго.

– Сите подеднакво ги сакам, и за сите подеднакво се грижам, ни одговара таа.

А што е со зимската сезона?

-Оние што не можат да ја издржат зимата надвор…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот