Фратар меѓу навивачите во Грац: Хрватска е толку добра што никој не пцуе

фото: 24sata.hr

Не ми е проблем некого да опоменам кога ќе го слушнам дека пцуе, но бев изненаден што помеѓу 4.000 хрватски навивачи не слушнав ниту една пцовка.

На натпреварите во Грац доминираат хрватските навивачи. Армија од околу 4.000 навивачи во „коцкести“ дресови, со песни, со бодрење и со по некоја чашка пиво ја прославија победата во првото коло над Црна Гора.Помеѓу веселите навивачи на Хрватска, отскокнуваше еден навивач, фратарот Марио Бјелиш, пишува хрватскиот 24 сата.

Тој освен што го обожава ракометот има исто име и презиме како поранешниот хрватски ракометар кој беше член на репрезентацијата на Медитеранските игри во 1997 година.

– Фантастично. Навивачите беа прекрасни, навивав со нив од првата минута. Ова ми е беше прв ракометен натпревар во животот кој го следев од трибините. Сè уште чувствував како ме преплавуваат емоциите, воодушевен сум. Хрватска има одлична репрезентацијата, но има и фантастични навивачи. Малку се изнервирав кој Белорусија се приближи само на еден гол заостаток, малку ми се крена адреналинот – вели фратарот Бјелиш.

Тој живее во Австрија, и е воодушевен од навивачите .
– Знаете што? Следев дали некој околу мене ќе пцуе. Можам да би кажам дека никој не кажа ниту една пцовка. Не ми е проблем некого да опоменам кога ќе го слушнам дека пцуе, но бев изненаден што помеѓу 5.000 хрватски навивачи не слушнав ниту една пцовка – потенцира Марио Бјелиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот