Франк де Бур е светски рекордер, доби отказ по само три натпревари

EPA-EFE/JEFFREY ARGUEDAS

Тоа што беше одличен фудбалер, не мора да значи дека ќе биде успешен и во тренерската кариера.

Холанѓанецот Франк де Бур како тренер е далеку од успесите кои ги оствари како фудбалер, и стана рекордер во брзо добивање откази.

Во Интер доби отказ по само 14 натпревари, во Кристал Палас по само пет, а во Атланта јунајтед се задржа дури 55 натпревари. Но, доколку се погледне колку кола од првенството му беа потребни на Де Бур да добие раскин на договорот – тој е нов рекордер. Холанѓанецот е отпуштен по третото коло од стартот на новата МЛС сезона.

Атланта во минатата сезона беше втор најдобар тим на Истокот и играше во полуфиналето на плеј-офот каде загубија од Торонто со 2:1, но кога екипата ова лето во новата сезона се врати на официјалните натпревари и доживеа три порази без ниту еден постигнат гол, Франк де Бур доби отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот