Францускиот суд денеска ќе му пресуди на поранешниот премиер Филон

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот суд денеска треба да му изрече пресуда на поранешниот премиер Франсоа Филон за обвинението за фиктивно вработување на неговата сопруга, но пресудата може да биде одложена поради контроверзи околу наводниот притисок врз обвинителите.

Филон е обвинет за фиктивно вработување на сопругата Пенелопе, што и донело повеќе од еден милион евра. Тоа беше скандал поради кој му пропадна претседателската кампања во 2017 година.

Поранешната шефица на Канцеларијата за финансиско обвинителство Елиан Хулет пред пратениците на 10 јуни рече дека се соочила со притисок за брзо поднесување обвинение против Филон.

Адвокатите на Филон побараа ново судење, а претседателот Емануел Макрон побара спроведување истрага.

Судот ќе донесе одлука за барањето на Филон рочиштето да се одржи во понеделник. Доколку биде прифатено, пресудата може да се одложи за неколку месеци, но доколку биде одбиено, треба да се изрече во текот на денот.

Филон (66) се бранеше дека не сторил ништо лошо и дека работата на неговата сопруга, како асистентка во Парламентот 15 години, не била фиктивна.

Обвинителите бараат пет години затвор за Филон, три години условна казна и две во затвор, како и парична казна од 375.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот