Француската граница се подотвори, возилата се придвижија: Контролните пунктови во Довер почнаа да пропушаат камиони

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Камионите почнаа да ги минуваат контролните пунктови во англиското пристаниште Довер и преку Ла Манш кон француското пристаниште Кале, откако Франција делумно ги отвори своите граници со Велика Британија што беа затворени поради страв од брзото ширење на новиот вид на коронавирус.

Камионите тргнаа кон траектите и возовите што ја поврзуваат Велика Британија со Франција, додека властите проверуваат дали возачите имаат негативни тестови за коронавирусот. Сепак, илјадници возачи на камиони и патници останаа во Довер за Бадник, бидејќи тестовите за вирусот, кои сега ги бара Франција, бавно се испорачуваат.

Портпаролката на пристаништето Довер изјави дека пристигнале помалку од 100 камиони, поради ограничувањата за тестирање, а властите предупредуваат дека остатокот од камионите може да пристигнуваат со денови.

Француската амбасадорка Кетрин Колон рече дека околу 20 француски пожарникари биле испратени во Довер за да однесат 10.000 тестови за возачите кои сакаат да се вратат дома за Божик.

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс изјави дека британските и француските власти се согласиле да ја држат границата меѓу двете земји отворена за време на Божик за да им помогнат на возачите на камиони и патниците да се вратат дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот