„Фрајле“ добија конкуренција: „Камби“ е новиот сплитски машки состав кој добро пее и уште подобро изгледа

Приватна архива

Ако досега Фрајле беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка.

Станува збор за сплитскиот состав Камби, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момците докажаа дека имаат сериозни музички планови. Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската Дора и го имаа едниот од највпечатливите настапи.

Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од Фрајле) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео.  

Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „… и мила и самовила…“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање.

Приватна архива

Статичар, кинезиолог, солист во ХНК и техничар лаборант во Институтот за океанографија и рибарство се навидум четворица „обични типови“ кои ги спојува љубовта кон музиката и повеќегласното пеење. За себе велат дека се непоправливи романтичари, а публиката – дека се неверојатен спој и вистинско освежување во светот на клапите во кој дојде до тоа да е навистина невозможно да се разликуваат една од друга затоа што сите имаа сличен репертоар и начин на изведување на концертите. За визуелниот имиџ и не треба да се зборува.

Камби постои една година, и можеби заради пандемијата овие момци зад себе немаат многу настапи, но затоа веќе имаат низа соработки со познати хрватски имиња како Гулијано, Нено Белан, Роко Блажевиќ…

Приватна архива

Секако, тука се и девојките од Фрајле со кои, велат, освен што досега соработувале како автори би сакале да си ги одмерат силите и вокално.

Фрајле се прекрасни дами и врвни музичарки и би ни било чест да соработуваме со нив. Сорабоката со девојките би била сензација, невозможна енергија, бината би експлодирала, велат момците од кои еден е во спортот, друг во градежништво, трет во театарот…

Што и да ви треба, одговорот е Камби, се шегуваат.

Освен Макица како автор на „Заљубљен“ се потпишува Хрвоје Домазет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот