ФОТО+ВИДЕО | Во живописната Швајцарија: Дали би престојувале во хотел со 0 ѕвезди?

Фото: Инстаграм/„Null Stern Hotel“

Швајцарски концептуални уметници покажаа дека еден хотел не мора да биде во зграда. Нивниот хотел не личи на ниеден досега, а има сѐ што има секој хотел, почнувајќи од најважното – кревет, пишува „Б92“.

Хотел со нула ѕвезди е иновативен концепт на швајцарски уметници со кој сакаат да го свртат вниманието на јавноста кон климатските промени и штетните влијанија на човекот врз планетата и општеството.

Фото: Инстаграм/„Null Stern Hotel“

Нивниот хотел е целосна спротивност од обичните хотели. Тој се наоѓа на локален пат до бензинска пумпа во селото Сајлон, на југот на земјата во кантонот Вале. Овој хотел има нула ѕвезди, нема ѕидови или таван, само еден брачен кревет. Затоа може да се постави секаде, на планина, во лозје или во шума покрај патот.

Уметниците што го создадоа овој концепт веќе имаат искуство во хотелската индустрија. Нивните претходни верзии на хотелот беа сместени во идилично швајцарско село. Сепак, тие сфатија дека нивната мисија е да укажат на промените кои се неопходни во општеството. Неопходно е што поскоро да почнеме да размислуваме за проблемите во светот, климатските промени, војната и другите штетни дејства на човештвото.

Фото: Инстаграм/„Null Stern Hotel“

Во новата верзија на хотелот гостите не можат да уживаат во мир и тишина. Одморот им го нарушуваат автомобилите и метежот, како и луѓето на бензинската пумпа. Авторите на хотелот посочуваат дека поентата не е во спиење и одмор, туку во преземање иницијатива и одговорност. Хотелот со нула ѕвезди е нивниот придонес во глобалната борба против загадувањето не само на планетата, туку и на општеството.

Подоцна сфатиле дека таков концепт може да се реализира и на дело, па го изградиле „хотелот“ на различни места во природата. Единствено нешто што може да ги вознемири гостите е ненадеен дожд или снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот