ФОТО+ВИДЕО | Туристички спектакл: Ново доживување на римскиот Колосеум – со стаклен лифт

Колосеумот во Рим, Италија / Фото: Pexels/Azhar Muhammedu

Погледот кон римскиот Колосеум, додека туристите се возат во новиот стаклен и панорамски лифт, ќе биде своевиден спектакл кој ќе ве остави без зборови.

Новиот лифт го поврзува првото ниво на амфитеатарот Флавио со средната галерија помеѓу второто и третото ниво.

„Колосеумот е симбол на италијанското културно наследство ширум светот. Затоа е важно да се гарантира пристапност до ова фантастично место, бидејќи тоа ја претставува нашата визит-карта во светот“, изјави министерот за култура Џенаро Сандуљано, за време на пуштањето во употреба на лифтот, кој на посетителите ќе им овозможи фантастичен поглед.

Новиот лифт во Колосеумот / Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Лифтот беше свечено отворен со музиката на италијанскиот кинематографски оркестар, кој ги изведе делата на оскаровецот Ханс Цимер.

„Сите посетители ќе можат да уживаат во уште една фантастична глетка под римското небо“, изјави директорката на археолошкиот парк Колосеум, Алфонсина Русо.

Благодарение на лифтот, дури и лицата со посебни потреби ќе можат да уживаат во погледот на најпознатиот амфитеатар во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот