ФОТО+ВИДЕО | Штета од 5.000 евра: Турист во Фиренца се качил на скулптура за да направи „селфи“

Фото: Wikimedia commons/ X

Туристите се подготвени на сè за да направат совршена фотографија или „селфи“. Исто како и туристот од Германија, кој качувајќи се на познатата статуа на Нептун во Фиренца, ја оштетил и поради таа причина ќе треба да плати огромна казна, пишува „Итали њус“.

Германскиот 22-годишен државјанин, од Берлин се качил на статуата во фонтаната на Пјаца Сињорија во Фиренца, стигнал до самата основа на кочијата и притоа ја оштетил ногата на еден од коњите.

„Овој турист мислеше дека е добра идеја да се искачи на споменикот на Нептун за „селфи“. За среќа, не го оштети премногу, бидејќи се вклучи алармот. Благодарение на општинските камери успеавме да го откриеме неговиот идентитет и ќе ја плати казната. Нема оправдувања за вандализам кон културните добра“, напишал градоначалникот Дарио Нардела на Твитер.

Туристот бил пријавен по член 518 од Кривичниот законик во Италија, со кој се воведени нови одредби за „уништување, валкање и незаконско користење на културни или пејзажни добра“.

Увидот што го извршиле експерти од организацијата „Фабрика ди Палацо Векио“, задолжени за одржување, реставрација и зачувување на палатата, покажале дека фонтаната претрпела оштетувања поради тежината на туристот кој ја згазнал.

Штетата била проценета на околу 5.000 евра, кои како казна сега ќе ги плати туристот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот