ФОТО+ВИДЕО | „Прегратка која не се заборава“: Момче со Даунов синдром ѝ подари ружа на Данијела Мартиновиќ во Штип

Фото: Инстагам/Данијела Мартиновиќ

Хрватската поп-пејачка Данијела Мартиновиќ во саботата настапи пред македонската публика, во рамки на годинашното издание на „Штипска пастрмајлијада“.

Како главна ѕвезда на вечерта, Мартиновиќ ги испеа своите најголеми хитови пред бројните посетители во „градот под Исарот“. По настапот, таа објави неколку фотографии и видеа и ги сподели своите импресии.

„Незаборавна вечер, исполнета со многу љубов“, напиша пејачката на својот инстаграм-профил.

Како посебен момент, кој ја одбележа вечерта, беше гестот на едно момче со Даунов синдром, кое се качи на сцената и ѝ подари ружа на хрватската ѕвезда.

„Прегратка која не се заборава“, стои во описот на фотографиите од овој емотивен момент .

Фото: Инстагам/Данијела Мартиновиќ
Фото: Инстагам/Данијела Мартиновиќ
Фото: Инстагам/Данијела Мартиновиќ
Фото: Инстагам/Данијела Мартиновиќ

Данијела Мартиновиќ за новата љубов: Немам ништо против да се омажам за Јосип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот